Основното училиште „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров доби нов лик. По изградбата на училници, промената на прозорци, модернизирана спортската сала, комплетно е променета и кровната конструкција.
Општината и ресорното министерство во училишниот објект инвестираа околу 30 милиони денари.
Градоначалникот Сокол Митровски најави дека летово ќе почне доградбата на дисперзираното училиште во населбата Хром, а дополнително ќе се модернизираат и останатите училипта во оваа општина.