Спектакуларниот имот се наоѓа во Масачусетс, САД, и е целосно реновиран и ставен на продажба.
На проектот за реновирање на вилата работела фирмата Patrick Ahearn Architect. Со својот исконски стил, оваа совршена куќа на плажа се наоѓа на парцела спроти океанот, и во непосредна близина на голф клубот Cohasset.
Оваа резиденција, која „будно“ гледа се што се случува околу неа, изградена е во 1860 година, а пред процесот на реновирање, имала околу 450 м2 површина, со пет спални соби и четири бањи.
Денес, по обемното редизајнирање и проширување, овој објект има околу 700 м2 простор, со пет спални соби и шест бањи. Преубавите детали и уникатните бордури даваат изглед кој ретко каде може да се види.
Кујната е опремена со професионални и модерни апарати, додека собата во кулата на петтиот кат, е нешто навистина посебно.
Потсетува на простор од некоја бајка, каде што владее магијата.
Се што е потребно, се наоѓа во близина на вилата. Дестинации за шопинг и уживање, тука е океанот и голем простор за вечерни прошетки или утринско трчање. Цената на вилата е пет милиони долари.