Насловна / Вести / Електрична централа на бамбус

Електрична централа на бамбус

Elektricna centrala na bambus

Јапонската енергетска компанија Fujisaki Electric ќе ја изгради првата електрична централа која ќе користи бамбус како гориво за производство на електрична енергија. Како што е најавено, електричната централа која ќе биде лоцирана во префектурата Јамагучи, ќе произведува 15,8 милиони KWh електрична енергија годишно. За производство на енергија се користи локален бамбус, а компанијата планира пласирање на својата технологија и во други земји каде расте оваа билка.

bambus nasadi
Инаку, бамбусот е најбрзорастечко растение во светот, а некои видови ратстат дури 91 см/ден. Меѓутоа, содржи висок процент на калиум и други елементи кои се претвораат во цврсти честички по согорувањето и се таложат на ѕидовите на ложиштето. За решавање на овој проблем, ангажирана е германската компанија Lambion Energy Solutions. Изградбата на централата ќе чини 19,4 милиони американски долари. Пуштањето во работа е планирано за 2017 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top