Вилата наречена Country House се наоѓа во близина на местото Бијача во Босна и Херцеговина, а проектот припаѓа на загребското архитектотнско студио Dva Arhitekta. Објектот, кој е сопственост на поранешен босански фудбалер, е сместен во природен пејзаж, а неговата територија е ограничена со изборот на фасадата, што е целосно изработена од камен од блискиот каменолом. Ваквиот стил на вилата го реинтерпретира локалниот архитектонски стил во современа варијанта. Асиметричните отвори на фасадата се акцентирани со бело обоена рамка. Во програмата на објектот сместени се гаража, две гостински соби, базен со мал бар, игралиште со соблекувални, три спални простории и летна куќа со сопствена винарија.