Насловна / Хортикултура / Глицинија (Wisteria sinensis)

Глицинија (Wisteria sinensis)

5

Глицинијата е многу декоративен вид со природен ареал кој се распространува во Кина и Јапонија. Многу популарно растение кое се карактеризира со гроздести сини и виолетови цветови. Цветањето започнува во периодот од мај до јуни.4

Во однос на месторастењето, најдобро е да се сади на заветно место. Растението може да остане во мирување и неколку месеци по пресадувањето. Во висина може да достигне и до 15-20 метри, а се користи за создавање на магични тунели, каде што цветовите оставаат неповторлив поглед.3

Кинеската глицинија (Wisteria sinensis) е побрзорастечка од јапонската (Wisteria floribunda), која исто така има и пошироки и кожести листови. Кинеската е попрактична за озеленување на бесетки и огради, но не се користи за озеленување на фасади и потпорни ѕидови, поради брзината на растежот што може да предизвика проблеми во понатамошната фаза од развитокот. И двата вида претпочитаат сончеви месторастења со длабоки и плодни почви.2 1

Испрати коментар

Scroll To Top