Куќа без ѕидови, тоа е тешко да се замисли… Но, јапонските архитекти од “Hiroyuki Shinozaki Architects” не само што го замислиле планот за ваков проект, туку тие и го спроведоа во дело. „Куќа Т“ е објект наменет за живеење, и во којашто сите ѕидови се заменети со отвори и како такви имаат изглед да бидат во служба на полици. Од друга страна, куќата ја има задржано својата статика со силни ѕидни греди и подови кои ги поврзуваат празните простори, а кои функционират како единствена цврста конструкција во куќата. Различноста и самата мешавина на визури во внатрешноста на куќата овозможуваат динамичност на отворен простор, а мебелот е директно прицврстен за структурните греди кои се воедно и прагови и огради. Практично? Секако не. Визуелно интересно? Секако!