И додека многумина од нас, кога ќе се спомне керамика веднаш си замислуваат ретро садови за овошје или за држење клучеви, некои од дизајнерите одлучиле да се промени таквата плитка перцепција.
Така, керамиката си го пронашла својот пат во новиот век, и со гордост може да се претстави на светот. Такви се ламбите на шпанската дизајнерка Марта Бордес со адреса во Лондон. Таа одлучила да ја спои керамиката со разнобојни еластични јажиња кои се испреплетени и комбинирани во креативни дизајнерски ламби.
Серијата на керамички ламби „Elastic lights“, така ja доведува во прашање улогата на традиционалните керамички предмети. Едноставните геометриски компоненти се поврзани со еластични јажиња што им дава на ламбите разигран дизајн, флексибилна карактеристичност и „движење“ во сите правци.