При крај се конструкторските зафати на вториот дел од платформата во коритото на река Отиња во Штип. Првата платформа беше завршена лани, а при крај е и вториот дел. Изведбата на паркинг платформата во централното градско подрачје ја прави градежната фирма „Бауинженеринг“ за сума од околу 4,4 милиона денари. Веќе се поставени бетонските платоа, следи уредување на тротоарот со бехатон и на крајот поставувањето на последниот слој врз цементот.
Оваа недела ќе биде пополнет делот помеѓу темелот на платформата и тротоарот од улицата „Васил Главинов“ кај ООУ „Ванчо Прке“ со што ќе се стабилизира и сообраќајницата. Платформата треба да биде финализирана до средината на август. Со вториот дел од платформата, ќе се добијат нови 15 места за паркирање во центарот.