Насловна / Архитектура / Музеј „Armani Silos“ – богатото и уникатно наследство на Џорџо Армани на едно место

Музеј „Armani Silos“ – богатото и уникатно наследство на Џорџо Армани на едно место

слика-7

По повод одбележувањето на 40. роденден на модната империја „Џорџо Армани“, во Милано свечено беше отворен музејот „Armani Silos“ во кој е изложено богатото и уникатно наследство на еден од највлијателните луѓе во областа на модата, Џорџо Армани. Отворањето на музејот се поклопи со одржувањето на „Експо Милано 2015“, настан чиј специјален амбасадор е самиот Армани, а кој истовремено се надоврзува на овогодишната тема поврзана со храната како есенцијален елемент во човековиот живот.

Во тој контекст Армани вели: ,,Одлучив музејот да го наречам „Силос“ бидејќи зградата била употребувана како силос за складирање храна, нешто што е секако многу важно за животот. За мене облеката е исто толку важна колку и храната“.слика-3

Објектот, кој се наоѓа на улицата Via Bergognone 46 во Милано, е изграден во 1950 година и најпрво функционирал за работа на компанијата „Нестле“. Новиот минималистички изглед на објектот, што се надоврзува на веќе познатиот стил на модниот дизајнер, е дело на јапонскиот архитект Тадао Андо. слика-8

Музејот зафаќа вкупна површина од 4.500 квадратни метри, а моделиран е според основата на базилика, односно има отворен простор на четири ката по средината и по две нивоа во корабите на објектот. Геометризираните и правилни форми донесуваат доза на смиреност во прилично раскошниот објект.слика-5

Проектот за реставрирање на објектот е рационален и истовремено изразува почит кон оригиналната архитектура. Целта на архитектот е да го задржи оргиналниот динамички облик на објектот што се одликува со едноставност и минимализам, со што се елиминира непотребното „китење“ со разновидни орнаменти и декорации.

слика-4

Единствениот декоративен елемент на фасадата се прозорските отвори по периметарот на музејот, со што фасадната бетонска структура добива поинаква дефиниција. Во ентериерот таванот е обоен црно, како контраст на сивиот бетонски под. Централно е поставено скалишното јадро коешто ги поврзува сите четири ката на објектот, истовремено овозможувајќи им на посетителите, движејќи се во просторот, да ја разгледуваат изложената колекција и монументалноста на музејот.

слика-2

Изложената колекција е составена од над 600 парчиња облека и 200 дизајни на модни додатоци распоредени според различните теми: дневна облека на приземјето, егзотични модели на првиот кат, колористични модели на вториот кат, додека третиот и четвртиот кат се посветени на темата светлина. Во состав на објектот се наоѓаат продавница за сувенири, кафетерија, работни станици и дигитална архива на скици, цртежи и материјали.слика-1

Идејата за создавање перманентно место каде што може да се изложи творештвото на Армани, првично е да се поттикне истражувачкиот дух и стимулирање на креативноста, и истовремено носење на уште поголема слава и престиж на италјанскиот град Милано, место каде што тој ја започнал својата кариера којашто довела до неговиот денешен статус – светска модна икона.слика-17-kafeterija слика-16 слика-15 слика-14 слика-13 слика-12 слика-11 слика-10 слика-9 слика-6

Испрати коментар

Scroll To Top