Во 2014 година, 2.359 хектари, односно 0.46% од обработливата земјоделска површина биле сертифицирани како површина под органско земјоделство, што претставува намалување од 25,8% во однос на претходната година.
„Ваквото континуирано негативно поместување претставува оддалечување од целта поставена со Националната стратегија за органско производство, 2% од вкупната обработлива површина да биде под органско производство“, соопшти Државниот завод за статистика во најновата публикација.