Стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино, ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период.
По извршените испитувања, во рамките на активностите за конзервација и реконструкција на Кулата, ќе спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.
Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик.
Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожарот од 1913 година. Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура.