Насловна / Вести / Електрични double-decker автобуси во Лондон

Електрични double-decker автобуси во Лондон

dvokatni avtobusi elektricni vo london1
Градоначалникот на Лондон Boris Johnson најави дека од октомври низ улиците на Лондон ќе се појават првите електрични double-decker автобуси. Тој истакна дека ова ќе бидат првите електрични double-decker автобуси во светот. Според неговите зборови, производител е кинеската компанија BYD која соработува со јавниот сервис „Transport for London“. Кинеската компанија развила доволно моќни батерии така што во иднина сите постоечки класични автобуси од овој тип ќе добијат електрични батерии.

Mayor Of London Boris Johnson Marks The Arrival Of The First New Bus For London

Инаку, во Лондон уште во 2012-та се воведени хибридни double-decker автобуси, а во 2013-та електрични еднокатни автобуси. Лондончаните и понатаму верни на традицијата, но и на енергетската ефикасност и новите технологии. Извонреден спој.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top