Насловна / Вести / Макпетрол промовираше ново гориво

Макпетрол промовираше ново гориво

Print

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје го промовираше новото ребрендирано гориво – ултра ЛПГ плус. Станува збор за автоплин збогатен со адитиви специјално дизајнирани за ефикасно погонско гориво, кое овозможува зголемена ефикасност на моторот, економична потрошувачка и намалени емисии на издувни гасови.

„Авто ТНГ горивото на ’Макпетрол’, односно течниот нафтен гас за автомобили целосно го задоволува македонскиот и европскиот МКС ЕН 589 стандард. Новото ултра ЛПГ плус гориво штити и од корозија на системот, овозможува подобар старт на топло и студено време, со истовремена заштеда на гориво, обезбедува подобра мазивност на системот за довод и согорување на горивото“, истакна на прес-конференција Горан Ангеловски, директор на Дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top