Лајза Минели, Дајана Рос, Џејн Фонда, Бјанка Џегер, Ив Сен Лоран, Одри Хепберн и многу други познати лица се овековечени на полароиди на Енди Ворхол. Таткото на поп-арт имал една интересна навика – од својот полароид камера не се одвојувал ниту една секунда. Постојат гласини дека Ворхол знаел да фотографира и до 300 слики само да го фати „кадарот“.
Благодарение на неговиот перфекционизам, денес имаме значителна колекција на незаборавни фотографии на Студио 54, Ворхоловата „Фабрика“, боемското њујоршко општество на 20 век и, се разбира, многубројните „селфи“ фотографии од овој значаен и ексцентричен уметник.
Сега познатата издавачка куќа Taschen, под водство на ликовниот критичар на The New York Times, Ричард Вудворд, собрала полароид фотографии направени меѓу 1954 и 1987 година во една книга.
На вкупно 560 страници во ова издание ќе бидат објавени повеќе од 100 фотографии на Енди Ворхол. Датумот на објавување уште не е познат, но се знае дека неговата цена треба да изнесува 69 долари.