Насловна / Хортикултура / Идеи за патеки во градината

Идеи за патеки во градината

8

Патеките треба да бидат доволно широки за непречено движење. Може да бидат изградени од различни материјали, а со тоа треба и соодветна подлога која би била доволно широка и стабилна за завршната обработка. Само кај патеките од плочести камења поставени во тревникот не е потребна подлога за прицврстување. За таа цел, потребно е да се користат плочести камења со дебелина не помала од 2,5 см.11

Зависно од материјалот за завршно полагање ќе биде и трајноста на патеката. Исто така, зависно од материјалот што се користи и дали завршно ќе биде изведено фугирање, ќе зависи и дали со текот на времето ќе има потреба од плевење на коровот.

Патеките може да бидат изградени од повеќе типови на материјали. За изработка на овие патеки треба многу да се внимава при изборот на материјалите, бидејќи истите не одговараат за секој тип на градина. Исто така, треба да се има силно изразено чувство за естетика затоа што многу често финалниот резултат при ваков зафат може да не ги исполни очекувањата или да биде премногу неприкладно.9

Во поново време тренд е изградбата на дрвени патеки. За разлика од другите типови на материјали, дрвото е со најкраток рок на траење. Во зависност од формата на патеката ќе зависи дали ќе биде потребно да се постави додатна потконструкција или не. Како особено декоративни патеки претставуваат патеките изградени од лакирани дрвени трупци со дебелина од 15 см, а околу нив поставено бел камен со средна фракција.7

За да не дојде до растурање на ваквите патеки, препорачливо е да се поставуваат странични дрвени лајсни во висина на трупчињата.6 5 4 3 2 indoor garden lighting design, garden, lighting design

Испрати коментар

Scroll To Top