Овој прекрасен имот на Џенифер Лопез, сега има нов сопственик и тоа е славниот рок музичар Фил Колинс кој ја купил по цена од 33 милиони долари.
Сместен во луксузна област, овој имот има прекрасна вила во својот централен дел, која била изградена во 1929 година. Таа е целосно реновирана пред неколку години, за да биде во совршена хармонија со престижното соседство во кое се наоѓа.
Вилата има околу 1.300 м2 и претставува современ европски уреден стил кој може да се види во самата архитектура и дизајнот. Содржи седум спални соби, осум бањи и многу други погодности кои новиот сопственик ќе го направат среќен.
Овој имот, исто така, има своја приватна плажа, а нуди совршен поглед на панорамата на Мајами. Градината на имотот е исполнета со палми и други рафинирани дрвја и растенија. Приватноста е од витално значење при дизајнирање на овој имот, а особено се цени во ова ексклузивно „маало“.
Оваа масивна вила во Флорида има двокатно фоаје, отворени дневни соби и трпезарија, со поглед на заливот и градината. Тука се и винарска визба, медиумска соба и импресивна master спална соба со пространи гардеробери. Во рамките на овој имот, исто така, постојат сала за вежбање, летна кујна, голем базен и спа.