Спалните соби претставуваат еден од најважните простори во еден дом. Просторот во кој се опуштаме, одмараме и релаксираме секогаш мора да ни дава огромна доза на комодитет. Токму поради ова, дизајнерите даваат голема важност на овие простории.
Во оваа спална соба преовладуваат посветлите и потемните сивкасти тонови, што на овој простор му даваат еден пријатен, ненападен, смирувачки амбиент кој во целост е спремен да ги опушти и примири неговите корисници.
Оваа спална соба ги содржи основните елементи како кревет, плакар и простор за манипулација.