Денеска сè почеста појава е работното место да е во вашиот дом. Овој современ феномен резултира со голем број канцеларии поставени во модерни структури во дворот.
Arrow – Peter Hogg и Toby Reed Architects, Австралија
Дизајнот е во форма на стрела со отвори скриени зад самата фасада, со цел да се спречат кражби на уметничките дела изложени во внатрешноста.
Shoffice – Platform 5 Architects, Лондон
Дизајнот е во форма на спирална школка која се претопува постепено во градината, со што целиот објект добива изглед на склупторска структура.
The Hackney Shed – Office Sian Architecture, Англија
Структура изработена од квалитетно дабово дрво и поставена помеѓу зеленилата во дворот. Внатрешноста е целосно изработена од вградени полици.
Bussum Garden Studio – Serge Schoemaker Architects, Холандија
Дизајн кој се базира на слободно стоечка структура целосно изработена од темни ќерамиди со транспарентен агол каде е поставено работното биро.
Artist Retreat – 0 to 1, Fiskars, Финска
Простор за работа и живеење кој има необичен облик и програма која се заснова на простор за спиење, работен простор и отворена тераса.
Container Studio – Maziar Behrooz Architecture, Њујорк
Овој простор од 65 метри квадратни е организиран во две нивоа, каде што на долното ниво е поставено уметничкото студио, а движењето по скалите овозможува разледување на изложените уметнички дела.
Art Warehouse – Boeotia by A31 ARCHITECTURE, Грција
Оваа канцеларија е во сопственост на уметникот и склуптор Alexandros Liapis. Композицијата се состои од три одделни работни простори сместени под бетонската лушпа. Необичната структура на објектот одговара на грчкиот пејзаж.