Архитектот Hibino Sekkei во јапонскиот град Kumamoto го искористи атриумот во основното училиште Dai-ichi Yochien, со цел да создаде простор во кој децата може да си играат. Кога времето е сончево, овој простор се користи за играње игри со топка, а кога времето е врнежливо, дождовницата се собира во него и просторот е приспособен за игра на децата со вода. Атриумот е приспособен на врнежливото време коешто архитектот смета дека не треба да ги спречи да си играат во дворот.