Големите невладини еколошки организации како „Гринпис“ и Светскиот фонд за дивата природа објавија дека ја напуштаат конференцијата во Варшава посветена на климата во светот, бидејќи таа „не води никаде“. Во нивните соопштенија, тие констатирале дека тие како и останатите организации и движења се повлекуваат од преговорите од конференцијата, за да го искористат времето поквалитетно. Се работи за одлука без преседан за големите конференции на ОН за борбата со климатските промени. „Оваа конференција во Варшава не води никаде иако требаше да одбележи важна етапа за иднината, нагласуваат претставниците од „Гринпис“, Светскиот фонд за дива природа, „Екшн Еид“… Конференцијата во Варшава завршува денес по речиси две недели преговори. На неа требаше да бидат конкретизирани основите за намалување на емисиите на штетни гасови. Тој договор треба да се потпише во Париз во 2015 година.
Насловна / Екологија / Невладини организации ја напуштаат конференцијата на ОН за климатските промени