Туристичкото одморалиште Прора, кое првобитно е изградено како награда за нацистите што „чесно заработиле“ одмор, оваа година ќе биде отворено за јавноста.
Прора е изградена по налог на Адолф Хитлер во периодот 1936 – 1939 година на Руген, најголемиот германски остров во Северно Море, но низ вратите на хотелскиот комплекс кој има над 10.000 соби, никогаш нема зачекорено ниту еден гостин.
Изградбата е запрена кога фирерот одлучил сите расположливи средства да ги употреби за Втората светска војна.
Берлинската компанија “Metropole” неодамна одлучила овој Хитлеров комплекс да го претвори во елитна населба со луксузни станови со 5 ѕвездички и велнес центри.
Завршување на работите и отворање на овој историско-современ комплекс се очекува во октомври. Цената на становите се движи од 175.000 до 1.264.000 евра.