Неодамна италијанскиот уметник Pixel Pancho беше поканет од платформата Underdogs за да изработи неколку мурали и други интервенции во Лисабон, Португалија. Едно од најинтересните дела кое ви го прикажуваме е соработка со уличниот уметник Vhils, познат по својот впечатлив стил на гравирање во ѕидови. “Steampunk” андроид кој во раката држи потонат брод поставен на ѕид од објект близу реката Тагус непосредно пред нејзиниот слив во Атланскиот океан.