Станот се наоѓа на само неколку чекори од Централ Парк и најпознатите ресторани и музеи во Њујорк. Реновираната зграда има фитнес-центар, детска градинка, градина за рекреација на отворено и перална, како и домар.
Мермер и дрво се користени во изобилство, со убави финални завршетоци. Светлите бои обезбедуваат интересен контраст со белите ѕидови, и, исто така, даваат пријатно чувство.
Дневната соба и трпезаријата се во отворен концепт, а кујната е изолирана преку лизгачка врата.
Практичниот пристап е квалитетно осмислен кога е во прашање просторот за складирање и се е паметно скриено од погледите.