Студентот Daigo Fukawa, по повод изложба на универзитетот за уметности во Токио, создаде колекција на т.н. „скицирани продукти“. Неговата колекција се состои од парчиња мебел кои наликуваат на рачно нацртани скици на мебел, но всушност претставуваат реални предмети на кои може да се седи.