Насловна / Архитектура / Градина на 21 век од Mecanoo Architecten

Градина на 21 век од Mecanoo Architecten

Gradina na 21vi vek_Mecanoo Architecten (4)
Како победник на конкурсот за дизајн „Нова градина на 21 век“ во Варшава, Полска, се издвојува проектот на данското архитектонско студио Mecanoo Architecten.
Градината и павилјонот предложени од студиото се позиционирани во популарниот градски парк Lazienki, кој се простира околу серија  историски објекти од 18. и 19. век.

Gradina na 21vi vek_Mecanoo Architecten (1)
Наречена „Градина на 21 век“, оваа нова адиција се состои од триаголен фрагмент на пејзажна архитектура вкрстена со брановидна патека под која затскриено се нижат изложбените простори.
Gradina na 21vi vek_Mecanoo Architecten (3)
Проектот за новата градина е специфичен поради тоа што дизајнот на подземниот павилјон континуирано го следи пејзажното обликување. Како доминантен сегмент во структурата на павилјонот се истакнува спирално скалиште кое ги поврзува влезното ниво и галеријата.
Gradina na 21vi vek_Mecanoo Architecten (2)
Павилјонот е конципиран на начин во себе да ги смести привремените изложбени поставки, додека пак градината би се користела за образовни и рекреативни цели.
Gradina na 21vi vek_Mecanoo Architecten (1)

Испрати коментар

Scroll To Top