Новиот Музеј на човечкото тело, кој ќе претставува дел од новоразвиената зона Parc Marianne, е поврзан со хуманистичката и медицинската традиција на градот Монпелје и неговото светско познато медицинско училиште, кое датира од 10. век. Музејот како целина ќе го презентира и истражува човечкото тело од артистички, научен и социјален аспект, проследен низ културни активности, интерактивни изложби, перформанси и работилници.
Објектот со површина од 7.800 м² е осмислен како поврзувачка точка на паркот и градот, природата и архитектурата, граничејќи се со паркот Charpak кој се простира долж градското собрание.
Со изградба на музејскиот објект би се придонело за збогатување на културното и научното богатство на градот, привлекувајќи туристи, семејства, како и стручни предавања, академици и љубители на уметноста. Изградбата на проектот се планира да започне во 2016-та, додека нејзиното официјално отворање во 2018 година.
Насловна / Архитектура / BIG прогласени како победници на конкурсот за Музеј на човечкото тело во Монпелје, Франција