Насловна / Вести / ЕУ бара да се затворат 13 термоцентрали на јаглен на Балканот

ЕУ бара да се затворат 13 термоцентрали на јаглен на Балканот

termocentrali na balkan

Во земјите од балканскиот регион поради застареност и неисполнување на стандарди на ЕУ би требало да се реновираат или затворат 13 термоелектрани, покажува истражувањето на Фондацијата „Мрежа за промени на Југоисточна Европа“. Во Македонија во периодот 2025 – 2030 година термоцентралите Осломеј и РЕК Битола треба да бидат модернизирани за да ги исполнуваат ЕУ Директивите за емисија на штетни гасови или да бидат затворени.

rek-bitola

Во Србија на листата се четири термоелектрани со истиот предизвик: „Морава“, „Костолац“, „Никола Тесла“ и „Колубара“, кои треба во периодот 2025 – 2030 да бидат реновирани или затворени. Три блока од термоелектраната „Косово“ треба да бидат затворени до 2020 година, а останатите два до 2025 година.TE-Kakanj

Во Босна и Херцегоивина во периодот 2020 – 2025 година треба да бидат затворени или реновирани четири блока на ТЕ „Тузла“, а до 2030 година ТЕ „Гацко“, „Угљевиќ“ и „Какањ“.

Хрватска до 2020 година треба да го реши прашањето со ТЕ „Пломин“ која работи на висококалоричен увозен јаглен, додека Црна Гора со ТЕ „Пљевља“.Istra-TE-Plomin-C

Енергијата е тема со која секоја земја на евроинтеграцискиот процес треба да се соочи, и земјите од регионот би требало до 2050 година да ја намалат емисијата на штетни гасови за 80 проценти.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top