Насловна / Вести / Екологистите алармираат за Охридско Езеро

Екологистите алармираат за Охридско Езеро

ohrid panoramski

На денот на Охридското Езеро, Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42, Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН, Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ и граѓанската иницијатива ОХРИД ЅОЅ, објавија меѓународна петиција за зачувување на езерото и Националниот парк Галичица.

Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42,  започнува меѓународна петиција против најновите планови на македонската влада за промени на Планот за управување со Националниот парк Галичица и на урбанистичките планови за Охрид и брегот на Охридско Езеро.

Споменатите планови вклучуваат: Сушење на Студенчишко Блато кое има пресудна улога за постоењето на езерото, со цел изградба на комплекс објекти на самиот брег; Сечење на последниот појас трски и покривање на голем дел од езерото со бетонски платформи со цел изградба на огромни туристички комплекси; Поништување на заштитата на голем недопрен див дел од езерото и загрозување на најважните извори кај Св. Наум кои го снабдуваат езерото со вода, со цел изградба на еден од горенаведените туристички комплекси; Поништување на заштитата на дел од Националниот парк Галичица со цел изградба на автопат од 14 км, за што ќе се уништат 50 ха заштитено подрачје од Националниот парк, многу веројатно финансиран од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР); Поништување на заштитата на голем дел од Националниот парк со цел изградба на ски-комплекс од 400 ха, со кој се предвидуваат и огромен хотел и викенд населба.

Од Фронт 21/42 потенцираат дека, доколку и покрај укажувањето на експертите што потврдија дека реализацијата на овие проекти ќе има негативно влијание врз животната средина, не се отстапи од намерата, можно е загрозување на статусот УНЕСКО.

 

Испрати коментар

Scroll To Top