Во Palais Galliera во Париз, отворена е прва париска ретроспектива на Жан Ланвин, една од највлијателните светски дизајнерки на 20-тите и 30-тите години на минатиот век, и основач на една од најстарите париски модни куќи во светот.
Поставувањето на изложбата било реализирано со помош на Албер Елбаз, сегашниoт креативeн директор на „Ланвин“. Дел од експонатите се во сопственост на галеријата Palais, додека вториот дел е од приватната колекција на Lanvin. Скапата облека на „Ланвин“ и модните додатоци ги обожаваат бројни холивудски убавици, меѓу кои како тотални зависници се издвојуваа Џенифер Анистон, Никол Кидман, Кејт Мос и Клои Севини. Изложбата е отворена до 23 август.