Во Националната галерија на портрети во Лондон, во јули ќе биде отворена голема изложба „Одри Хепберн: Портрети на икона“ посветена на актерската дива Одри Хепберн. Изложбата претставува ретроспектива на повеќе од 60 уникатни фотографии кои во кариерата на актерката биле создавани од најголемите фотографи Ричард Avedon, Сесил Beaton, Норман Паркинсон и Ирвинг Пен. Фотографската изложба ќе се обиде да ги истакне сите аспекти од животот на Одри Херберн, и ќе трае до 18 октомври.