Компанијата BubbleTree создаде транспарентна, сферна куќа која е поставена во природна околина и може да овозможи поглед на природата за 360 степени. Производот до сега е претставен во Америка и Австралија. Материјалите употребени за изработка на овој производ се еколошки и самоодржливи, а дополнително на самата структура е поставен филтер за прочистување на внатрешниот воздух и заштита од полен.