Стручњаците постојано укажуваат дека во Македонија електричната енергија не се троши рационално и дека кога граѓаните би се придржувале на советите ќе можат да ги преполоват сметките за електрична енергија. Од друга страна пак, граѓаните главно се убедени дека сериозно внимаваат на потрошувачката, но немоќни се да остварат каква било заштеда. Во продолжение 12 совети за заштеда на електричната енергија во домаќинствата:
– фрижидерот треба редовно да се чисти, а термостатот најдобро е да биде поставен на температура од 3 до 5 степени;
– современите прашоци за перење овозможуваат ефикасно чистење на алиштата и на температура од 40 до 60 степени;
– со секое вклучување на пеглата се троши струја за нејзино загревање, што значи алиштата е подобро да се пеглаат одеднаш;
– секогаш да се преферира туширање наместо капење во када;
– компјутерот и мониторот да бидат во режим на мирување секогаш кога не се користат, бидејќи годишно трошат 1000 kWh;
-машината за садови секогаш да биде полна и да се вклучува ноќе;
– бојлерот е најдобро да се вклучува ноќе, или пак да се вгради реле кое автоматски ќе го вклучува и исклучува во висока односно ниска тарифа;
– во текот на готвењето садовите треба да бидат затворени;
– жаречките светилки да се заменат со штедливи;
-клима уредот троши три пати помалку отколку електричната греалка, и најдобро е да се користи во опсегот на надворешни температури од 5 до 15 степени;
– во зимскиот период треба да се избегнуваат електричните греалки за догревање. Поисплатливо е користењето на ТА печки.
– тешките и долги завеси ги покриваат радијаторите и го оневозможуваат циркулирањето на воздухот.
Стручњаците тврдат дека со придржување кон овие правила секој дом може да заштеди и до 50% електрична енергија.