Насловна / Архитектура / „Мис ван дер Рое 2015“ за филхармонијата „Szczecin“ како симбол на градската транзициона природа

„Мис ван дер Рое 2015“ за филхармонијата „Szczecin“ како симбол на градската транзициона природа

5. филхармониска хала

Наградата за современа архитектура „Мис ван дер Рое 2015“ ја доби архитектонското студио „Barozzi/Veiga“ за нивниот проект за филхармониска сала „Szczecin“ со локација во градот Шчечин, Полска. Официјалното доделување на наградата се одржа во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона во организација на истоимената фондација.1. Доделување на наградата

Проектот беше одбран од вкупно 420 проекти кои претендираа за оваа награда, што претставува огромен успех за шпанското архитектонско студио. При изборот на најдоброто решение биле разгледувани голем број на аспекти, но она што придонесе за големиот успех на проектот за филхармонијата е неговиот дизајн, којшто претставува директна инспирација од урбаниот контекст на самата локација.8. филхармониска хала

Стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради, предизвикале користење на експресионистички пристап и геометризација, со цел да се обликува новата зграда и да се создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. 9. филхармониска хала

Дополнителна карактеристика која влијаеше врз позитивниот впечаток на овој објект е неговата фасада којашто е обложена со стаклен материјал, со што објектот станува светол, транспарентен и се истакнува во урбаното ткаење на градот, додека ентериерот е едноставен, со големи прозорски отвори и карактеристична обработка на ѕидовите и кровот.7. филхармониска хала

Современата интерпретација на филхармонијата во срцето на градот Шчечин, дефинитивно со сите свои карактеристики ја заслужи престижната награда за современа архитектура, а архитектонското студио не само што додаде уште една награда во својата колекција туку и изгради објект кој ќе претставува референтна точка и симбол на градската транзициона природа.

© Piotr Krajewski http://pkrajewski.pl

Архитектонското студио „Barozzi/Veiga“ за првпат е основано во 2004 година во Барселона од страна на архитектите Fabrizio Barozzi и Alberto Veiga. Тие имаат освоено огромен број награди, најчесто од интернационален карактер, со што се потврдува нивното долгогодишно успешно работење. Нивната работа, исто така, е презентирана на голем број изложби и публикувана во специјални литератури за архитектура.4. филхармониска хала

Дел од објектите за коишто биле претходно наградени се: проектот за реновирање на палатата Santa Clara во Убеда, потоа аудиториумот на Агуилас, корпорацијата D.O. Ribera del Duero во Роа, музејот Musée de Beaux-arts во Лозана, екстензијата на музејот Bündner Kunstmuseum во Хур, проектот за музичкото училиште во Брунико и проектот Tanzhaus во Цирих. Шпанските архитекти во својата листа на многубројни награди можат да ги вбројат престижните награди Renzo Piano Foundation Award, потоа Best Spanish Young Architects, Best Young Catalan Office, Barbara Cappochin International Architecture Award, FAD Award, Ecola Award и голем број други награди заслужени за успешното работење.2. Доделување на наградата

Архитектите Barozzi и Veiga имаат проектирано објекти од јавен карактер, приватни резиденции, училишта, административни објекти, музеи и друга обемна програма, а како дел од нивната листа издвоивме неколку нивни најпознати проекти: административната зграда за Deutsche Bundestag во Берлин, колеџот King’s College во Лондон, музичкото училиште во Брунико, Италија, потоа музејот за уметност Graubunden во Швајцарија, средно училиште во Сиена, корпорацијата Ribera Del Duero во Шпанија, социјално домување во Шпанија и голем број други објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top