Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Соларна селска куќа во Словенија

Соларна селска куќа во Словенија

SimpleHouse

Во словенечкиот рурален регион Радовљица е изградена една семејна куќа, која со својот груб изглед воопшто не наликува на традиционалните селски домови во Словенија. За конструкцијата на оваа куќа е користено лакирано дрво, врз кое се поставени соларни панели. Покривот на куќата е со остри агли, а фасадата е изработена од поцинкуван метал и дрво.

Архитектите направиле интересна и чиста геометрсика форма со поврзување на хоризонтално поставените отвори за воздух на северната и јужната фасада, како и со вертикално наредените поцинкувани панели со кои се прекриени покривот и делови од источната и западната страна.

Simplehouse1

Иако на ова куќа и недостасуваат класични прозорци, отворите меѓу панелите овозможуваат влез на природна светлина и воздух во внатрешноста, при што не е нарушена приватноста. Предноста на оваа куќа е што соларните панели и донекаде пасивнот дизајн овозможуваат исклучително ниска потрошувачка на енергија за греење.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top