Насловна / Вести / Пловечки соларни фарми за храна

Пловечки соларни фарми за храна

Plovecki farmi

Еден од најголемите предизвици на денешницата е да се обезбеди храна за растечката популација на Земјата. Интересно решение за ова прашање доаѓа од Барселона. Дизајнерската фирма од Барселона „Forward Thinking Architecture“ го прикажа својот концепт односно решение за сè поголемиот глобален проблем – недостаток на храна.

Plovecki farmi1

Името на проектот е „Smart Floating Farms“ (Паметни пловечки фарми). Системот е во целост автоматизиран и ги комбинира соларната енергија, хидрофонијата (билки кои се одгледуваат без садење во земја) и аквакултурата. Дизајнерите нашле инспирација во фармите за одгледување риби во Азија. Фармите се состојат од модуларни делови со големина 200 х 350 метри, кои можат да се спојат во една целина. Секој модул од соларната фарма за храна се состои од три ката: првиот кат е наменет за аквакултури и постројки за десалинизација на водата; вториот кат е предвиден за хидрофонско одгледување на билки; третиот кат е прекриен со соларни панели со висок степен на ефикасност, со отвори за поминување на светлината и системи за апсобирање на дождовницата.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top