Еве шанса што се случува само еднаш во животот: продажба на еден фасцинантен замок изграден од камен во 1890 год.
Убавиот старомоден замок е ставен на продажба по цена од седум милиони евра, што е многу погодно кога ќе се земат предвид сите придобивки што ги носи.
Замокот се наоѓа во Њујорк, на само неколку минути од забрзаниот и бучен живот во оваа метропола.
Режисерите на филмови и популарни фотографи го обожаваат овој замок, и затоа често може да се види во многу популарни списанија и телевизиски емисии.
Импресивниот замокот се наоѓа на имот од речиси еден хектар и има една убава тераса со поглед на реката Хадсон. Неговиот камен екстериер како од бајките, најверојатно нема да ве убеди да го купите, туку неговиот ентериер.
Тој е испреплетен со богата историја, што ќе ги воодушеви сите љубители на скапоцени и луксузни предмети. Замокот има дваесет соби кои ќе ве пленат со нивниот ентериер, а кој е инспириран од европскиот гламур од 16 и 18 век.
Овој замок има околу 1.500 м2 простор за живеење, шест спални соби и седум бањи, и трпезарија украсена со импресивен и грандиозен лустер. Исто така, постои и стаклена градина, соба за утринско кафе, соба за забава со елементи од абонос и маса за билјард, како и убава тапацирана турска соба.