Bauhaus Residency е приватен дом во Израел, дизајниран од страна на архитектонското студио Pitsou Kedem. Објектот има површина од 450 квадратни метри на простор од еден хектар. Кога ќе се погледне од надвор, делува како да постои една одредена централна точка од која што е почнато сето планирање и дизајнирање на овој дом. Изгледа како сите простори во ентериерот да се со поглед кон дворот, каде што е сместенa убава тераса со базен и лежалки за сончање. Двокатната куќа има прозорци од подот до таванот, лизгачки стаклени врати и балкони на горното ниво, со цел да продре што поголемо количество природна светлина и прекрасен поглед.