Големината на апартманите не е секогаш важна, па така и малите станови можат да ги задоволат естетските и функционалните потреби на едно семејство. Најчесто, ваквите мали апартмани се наменети за млади луѓе, млади брачни двојки или брачни двојки со новороднче. Ви претставуваме еден ваков апартман кој не надминува 50 м2.
Третиот апартман од овој серијал е исклучително интересен и уникатен простор, кој е наречен London Sky, и е дело на Vitta Group Design Studio.
Овој апартман се развива на само 32 квадратни метри и претставува одличен пример на стан кој се наоѓа во централното градско подрачје каде што животниот простор е секогаш во дефицит.
Стилот во кој е изведен се одликува со класични британски и неколку модерни елементи кои се совршено склопени.
Мотивот на аналоген часовник е тука за да нè потсети на времињата кога часовниците биле задолжителен дел од секој простор.
Внатрешните ролетни го делат просторот и создаваат поинтимен дел каде е сместен креветот, а истовремено не се наметнуваат во композицијата.
Umesnosta e vo dobro planiranje na prostorot i pravilno iskoristuvanje na istiot.