Насловна / Вести / Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село

Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село

freskozivopis novo selo (2)

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, заврши конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село.
Реализацијата на проектот, кој е дел од Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура, се одвиваше во неколку фази. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип во изминатиот период, по сеопфатните анализи на овој значаен сакрален споменик на културата, извршија препокривање на црквата заради превентива од влага, чистење на живописот кој датира од периодот на градење на црквата во 14 век и врз кој три века подоцна е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован, како и консолидација на оштетените фрески.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Последниот ваков зафат врз фрескоживописот, кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, бил направен пред четири децении.
Црквата „Св. Спас“ е изградена од страна на војводата Димитрие во 1369 година како еднокорабна базилика со впечатливо обликувана надворешност.

Испрати коментар

Scroll To Top