Вечер (3 јуни) во кафе бар „Ли“ ќе се одржи годишна изложба на учениците од курсевите по цртање и сликање организирани од „Отворен Граѓански Универзитет – Кочo Рацин“ Скопје.
На изложбата ке бидат изложени 13 авторски дела изработени во техниката акрил на платно од посетители на курсевите од три возрасни групи.
За првпат оваа 2014/2015 година ке бидат доделени сертификати за завршени курсеви по цртање и сликање од „ОГУ-Кочо Рацин“.
Изложбата ќе биде поставена до 10 јуни 2015.