Три од десетте најголеми рудници за јаглен во светот се лоцирани во Powder River Basin во Wyoming, САД, додека во Кина и Австралија се лоцирани по два рудници рангирани во топ 10.
Рудникот North Antelope Rochelle во Powder River Basin во Wyoming, САД, е во моментот најголемиот рудник за јаглен во светот според проценетите експлоатациони резерви кои се околу 2,3 милијарди тони. Рудникот со површинска експлоатација произведува околу 100 милиони тони годишно, а отворен е од 1983 година. Се работи за јаглен со низок процент на сулфур односно под 0,2%.
На листата на 10 најголеми рудници за јаглен во светот, нема ниту еден со јамска експоатација, односно сите се со површинска експлоатација.