Портпаролот на европскиот комесар за енергетика Марош Шефчовиќ, госпоѓата Ана Кајза изјави дека Европската Унија работи на акционен план за снабдување на Западен Балкан со гас. Таа истакна дека одлуката за изработка на ваков план е донесена уште во декември 2014-та, и дека неговата цел е секоја држава да има два независни енергетски извори. Исто така, таа додаде дека на тој начин ќе се придонесе за диверзификација на енергетските извори со цел обезбедување на енергетска стабилност.
Според нејзините зборови, на 10 јуни на состанокот во Дубровник, ќе бидат презентирани сценаријата за долгорочна стратегија за снабдување со гас на земјите од Западен Балкан.