Насловна / Градежништво / Спојување на сите музеи во Хелсинки во еден круг

Спојување на сите музеи во Хелсинки во еден круг

Guggenheim-Helsinki-Museum-by-Archohm-1

Индиското архитектонско студио Archohm, за потребите на архитектонскиот конкурс за проектирање на музеј Гугенхајм во Хелсинки, предложи концепт кој преку локацијата на музејот, би ги поврзал сите останати музеи во Хелсинки во еден затворен круг, а кој би кулминирал со голем јавен плоштад.Guggenheim-Helsinki-Museum-by-Archohm-5

Целта на проектот е да се пристапи кон градот на еден холистички начин и да се создаде врска меѓу различните стилови на современата архитектура која е присутна денес во главниот град на Финска.

Guggenheim-Helsinki-Museum-by-Archohm-3

Просторот би служел како клучна културна дестинација за локалната заедница и туристите. Тој би дејствувал како важна алка за поврзување на минатото и иднината на уметноста, преку создавањето на еден уникатен лавиринт на музеи.

Guggenheim-Helsinki-Museum-by-Archohm-2

Предложената интервенција во просторот би вклучувала создавање на зелени површини и врски со брегот. Големиот плоштад и паркот би функционирале како приклучен елемент на проектот што би формирал „апекс“, кој би ги упатувал туристите во разните музеи во градот.

Испрати коментар

Scroll To Top