Една од базичните работи коишто треба да ги направите за современ изглед на вашиот двор е одржување на тревникот. Наједноставната работа е да не користите премногу ѓубрива на тревата со што само би го успориле процесот на нејзиното растење, па поради тоа најдбро е да се консултирате со експерт во врска со тоа колку пати годишно треба да се нанесува ѓубриво. Исто така, постојаното вештачко предизвикување на нејзиниот раст може само да предизвика појава на штетници и разновидни болести на растението. На пазарот може да се сретнат голем број вештачки и тешки хемикалии кои само привремено даваат зелен и свеж изглед на тревникот, за подоцна да предизвикаат штета. Поради тоа при изборот треба да внимавате ѓубривото да има висок процент на нитроген во себе.
Друг корисен совет е при косењето на тревата да внимавате нејзината висина да биде помеѓу 6 и 10 сантиметри, односно да не косите повеќе од 1/3 од нејзината висина на едно косење. Тревата што е повисока од 10 сантиметри создава сенка која лошо влијае врз почвата и различните семиња кои ги користите.
Кога станува збор за наводнувањето, најдобро е да ја наводнувате тревата еднаш до два пати неделно по еден час. Ова предизвикува поздрави корења на тревата што доведува до позелена и поздрава трева, за разлика од секојдневното 5-минутно наводнување.