Во пуст дел на Ново Мексико, на површина од 24 километри квадратни, на есен ќе започне со градба нов „град“ кој ќе биде изграден со една цел – тестирање на нови технологии. Во него нема да живеат луѓе, но и покрај тоа тој ќе глуми вистински град. Ќе има улици, најразлични типови на згради, паркови, автопат, тесни улици и слично.
Идејата е да се тестираат најновите технологии на беспилотни летала, автономни возила, паметни електрични мрежи и сл., и притоа целосно да се елиминира ризикот да се повреди некој човек.
Цената за овој проект е почетни 550-660 милиони долари, но се очекува инвестицијата да достигне една милијарда долари до целосното завршување на градот планирано за 2018 година.