На 27 и 28 мај 2015 година во Русија во Санкт Петерсбург одржан е Невскиот еколошки конгрес „Стратегија на еколошката безбедност: механизми и реализации“. Во рамките на овој конгрес се разговараше за осигурување на еколошката безбедност, како и за реализацијата на успешни стратегии од оваа област. Се зборуваше и за одржливиот развој, законодавството од областа на заштита на екосистемите и управувањето со природните ресурси. Целта на конгресот е промоција на меѓународната безбедносна рамка во областа на животната средина, а се одржува секоја втора година.