Познатото архитектонско студио Herzog & de Meuron ја заврши изградбата на стадионот Bordeaux во Франција за европскиот шампионат во фудбал во 2016 година. Овој објект отстапува од типологијата на останатите стадиони во светот и се разликува по дизајнот и по енергетско ефикасните карактеристики коишто ги поседува. Тој има капацитет од 42.000 седишта и масивни фотоволтаични панели кои ќе произведуваат огромно количество на енергија за самиот стадион и целата локација.
Во надворешниот дизајн се издвојуваат тенките многубојни столбови кои го држат правоаголниот покрив. Монументалниот изглед на структурата на објектот е модерен, суптилен и интегриран со околината.