Општина Бутел започна со изградба на нова фасада на ОУ „Св. Климент Охридски“. Станува збор за енергетски ефикасна фасада со површина од 3.200 м2.
Како што соопштија денеска од општина Бутел, во најголем дел ќе бидат заменети и прозорците на училиштето. Претходно на училиштето бил поставен нов кров од пластифициран лим, нова украсна ламперија и нов систем на олуци.
Средствата во висина од 3.100.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.