Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) вечерва во 19 часот во Чифте амам свечено ќе ги додели традиционалните награди „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“. Тоа се награди кои се врачуваат во неколку категории за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирани во 2014 година. Категориите се однесуваат на Музеј на годината, музејски проект, музејски проект со поткатегорија Проекти осмислeни за посебни целни групи, Награда за музејски работник и Надворешен музејски соработник.
За Музеј на годината е прогласен Музејот на современа уметност во Скопје.