Во населбата Железара во општина Гази Баба денеска беа пуштени во употреба нов објект на Основното училиште „Григор Прличев“ и тениско игралиште.
Училиштето е со капацитет за 500 ученици, со површина од 2.000 метри квадратни. Изградено е според стандардите за енергетска ефикасност со соодветни услови за деца со посебни потреби.
Во изградбата на училиштето општина Гази Баба инвестираше 72 милиони денари обезбедени преку кредит од Светска банка.
Новото тениско игралиште во рамки на училиштето е дел од владиниот проект за изградба на 100 такви игралишта низ Македонија. Досега се изградени 39 тениски игралишта, а 35 други се во фаза на градба.